Го видов претседателот Путин, немавме билатерална средба, разговаравме накратко, тој имаше важна и долга средба со Ши, рече Александар Вучиќ, претседател на Србија, во изјава за српските новинари во Пекинг, каде што учествува на меѓународен економски и политички форум „Појас и пат“.

Видов дека тој (Путин) пука од самодоверба, рече Вучиќ и додаде дека видел оти рускиот претседател имал долги разговори со кинескиот претседател Ши Џинпинг и унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Претседателот на Србија тогаш напомена дека тој самиот разговарал со Орбан, но за претстојната седница на Европскиот совет „што е важна за нас“ и „игрите што се играат таму“, а потоа продолжи во изјавата на тема сертификати за српските јаболка и извозот на малини и овошје.