Власта и опозицијата се блиску до договор за заеднички избори, тврди шефот на државата Пендаровски, објави Сител. Тој вели дека конкретните датуми ќе бидат објавени во наредните неколку дена.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак, тврдат дека датумот за избори се уште лебди и нема никакви консултации за него. Потпретседателот на партијата вели дека не може да му се верува на претседателот Пендаровски.
Тој вели дека пред да се договори датумот, партиите од власта и опозицијата веројатно ќе се договорат за измени на Изборниот законик поврзани со препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Време и волја за една изборна едница кај власта, според Николоски, нема.
Од владејачката ДУИ се уште на ставот дека заеднички избори се подобро решение, но дека за нив е прифатливо се што партиите ќе договорат со консензус.
Иако премиерот и лидер на СДСМ Ковачевски најави работна група со опозцијата за датум за избори, засега од оваа партија молк дали изборите ќе бидат одвоени или пак, заеднички.