Сметката на јавното претпријатие Улици и патишта Скопје е блокирана поради долг кон економски оператор, дознава Курир.

Денес дел од вработените по тој повод организираа штрајк, а со тоа ја прекинаа и својата работа и дневни активности.

Според Законот во нашата земја платите мора да бидат исплатени до 15 во месецот, а тоа значи дека денес 21 ноември, вработените се уште немаат земено плата за месец октомври.

Во исто време иако нема плати за вработените, претпријатието има оглас за привремени вработувања во висина од 12 милиони денари.