Бугарскиот весник „Зарја“ во 1903 г. се спротивставува на големо-бугарската политика против Македонија за припојување кон Бугарија.
Имено, говорејќи за македонското дело и борбата за автономија на Македонија, додека Илинденското востание сѐ уште траело, овој напис нагласува дека тоа не е бугарско дело, а Македонците се борат за своја држава.
Статијата под наслов „Македонско движење“ јасно нагласува дека Македонците не се Бугари, Срби, Романци, ниту Грци, туку одделна нација, со право на своја слободна, засебна, самостојна национална македонска држава.
Така, првото гледиште, според бугарскиот весник, е „националистичко“, и него го застапуваат велико-бугарите и тн. „врховисти“ – групата на Иван Цончев и Стојан Михајловски. Натаму, исто така, се вели:
– „Второто гледиште е интернационалното, меѓународното – коешто ја смета Македонија не како бугарска земја, туку како една несреќна и нечовечно измачена од едно недозволиво ропство – соседна земја; коешто искрено се бори за слободата на Македонија – не за Бугарите, туку за Македонците.“
Според тоа второ гледиште во написов, коешто се стреми „да го покаже македонското дело како не-бугарско”, Македонија ќе биде независна, самоуправна држава, или евентуално, во една идна, замислена балканска федерација под меѓународна заштита.
ИЗВОР: „Заря”, 20 септември 1903 г., бр. 2, стр. 4.
ЗАБЕЛЕШКИ:
Весникот „Зарја“ е издаван во градот Габрово, средишна Бугарија.
За бугарскиот весник, големо-бугарската наци-шовинистичка доктрина и политика, е „националистичка“ – во тоа време и тој контекст. Објективно, сепак, таа доктрина не била „националистичка“, туку национал-шовинистичка, асимилаторска и завојувачка идеологија. ——/
Линкот до објавата на страницата може да го отворите ТУКА