Во центарот на Белград, пред седиштето на Републичката изборна комисија (РИК), почна нов протест организиран од коалицијата „Србија против насилството“, кој бара поништување на изборите во Белград.

Толпата со свирежи го изразува своето незадоволство од работата на РИК и според нив, изборните нерегуларности.

Пред седиштето на РИК поставена е метална ограда со државни знамиња и голем транспарент „Против изборна кражба“.

Се очекува да им се обратат и претставниците на коалицијата „Србија против насилството“.

Републичката изборна комисија денеска донесе одлука за спроведување на прегласување на 28 избирачки места во Србија на 30 декември годинава. На седницата е констатирано дека на местата каде што се повторуваат избори има вкупно 12.240 гласачи.

Гласањето за избор на пратеници ќе се повтори на избирачките места каде е утврдено дека не може да се утврдат резултатите од гласањето и каде е поништено гласањето на изборите за пратеници одржани на 17 декември.  (МИА)