Успеавме да направиме стабилна, сигурна, слободна, демократска држава, со растечка економија, поголеми плати и пензии, од кога било порано, изјави премиерот и лидер на СДСМ на партискиот настап во Кочани.
– СДСМ значи државотворност, повеќе пари кај граѓаните и европска перспектива, партија која се идентификува со клучните успеси на македонски народ и македонската држава. Успеавме да направиме стабилна, сигурна, слободна, демократска држава, со растечка економија, поголеми плати и пензии, од кога било порано. Сите ние сме горди на тоа. СДСМ значи еднакви граѓани, значи просперитет, повеќе пари кај граѓаните, значи слобода на говорот, СДСМ значи борба за достоинствен живот и најважно, значи борба за европска иднина, рече Ковачевски.
Тој ова го кажа на денешната трибина ПовеќеЗаСите во Кочани, а објавено е и на официјалната страница на владејачката партија на Фејсбук.