Хрватски градоначалник со службената картичка плаќал во бордели во Виена

/ 29.12.2023

Хрватската канцеларија за борба против корупција и организиран криминал (УСКОК) денеска соопшти дека по спроведена истрага, против градоначалникот на Муртер, Тони Турчинов, е поднесено обвинение за злоупотреба на положбата и овластувањата.

Обвинението е покренато и против претприемачот Томислав Пешиќ, кој е осомничен дека го поттикнувал Турчинов да ја злоупотреби својата положба и овластување.

Обвинението е поднесено пред Жупанискиот суд во Сплит, а се работи за началникот кој ги трошел парите на граѓаните, меѓу другото, и во австриски бордели.

Турчинов во април 2019 година во бордел во Австрија со службената картичка на Општината платил услуги во износ од 1.560 евра, а тврдел дека по грешка ја користел официјалната платежна картичка.

По избивањето на аферата тој најави дека се повлекува од советничката функција во жупаниското собрание, но и дека со поддршка на неговите соработници и сограѓани ќе продолжи да работи на започнатите проекти во Муртер- Општина Корнати, што со други зборови значи дека останал градоначалник, пишува хрватскиот портал Индекс.


Од истата категорија