Денеска со неколку активности низ Скопје, ќе се одбележи Денот на албанската азбука, и 550 години од постоењето на Ѓерѓ Кастриот – Скендербег.
Како дел од настаните во Скопје пристигна претседателот на Албанија Илир Мета кој што со почеток во 14 часот заедно со претседателот на Демократската унија за интеграција на Албанците, Али Ахмети, претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, како и Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, ќе се организира прошетка по Старата чаршија во Скопје, која ќе заврши пред мозаикот (Муралот) на плоштадот на Скендербег каде е предвидена фото-сесија, положување на цвеќе пред споменикот на Скендербег, како и изјави за медиумите по повод Денот на албанската азбука и 550 години од постоењето на Скендербег.
По повод Денот на азбуката, вечерва во македонската филхармонија претседателот на Собранието Талат Џафери ќе се обрати на 110-годишнината од Битолскиот конгрес. Настанот е во организација на Секретаријатот за европски прашања.