Министерите за правда на Македонија и Турција, Кренар Лога и Јилмаз Тунч денеска остварија средба на која разговараа за постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски.

Како што соопштија од Министерството за правда, на средбата Лога бил информиран од турскиот колега дека судскиот процес за Палевски е завршен и се очекува да завршат и административните процедури.

По завршувањето на административниот дел, се очекува Палевски да биде екстрадиран во нашата држава.

Министерот Лога му се заблагодари на Тунч за нивната брза реакција и апсењето на Палевски и посочи дека ова е добар знак за општеството, да се казнат оние кои извршиле злосторство, се вели во соопштението на Министерството за правда.

Двата суда донеле одлука за одобрување на екстрадицијата, а Лога за „Телма“ потврди дека „во прашање се денови за негово испорачување во Македонија“.

Фото: Министерство за правда