Претседателот на Франција, Емануел Макрон ја одложи посетата на Украина поради безбедносни причини, соопшти Елисејската палата.
Исто така е одложен и Француско-украинскиот бизнис совет „Медеф Интернешнл“, што требаше да се одржи за време на посетата на Макрон на Украина.
Макрон на 13 февруари требаше да оди во „симболична посета“ на Одеса, град делумно изграден од Французите, а потоа планираше и да го посети Киев.