Синоќа беше одбележан Интернационалниот ден за социјална правда, со трибина на тема “Социјална правда-состојба, предизвици и перспективи “.Трибината беше организирана од Централната комисија за образование и наука на ВМРО ДПМНЕ.
Свои излагања презентираа членовите на ЦКОН: проф.Ксенија Хаџи Тосева Аврамчева координатор на РГ Средно образование од ЦКОН, проф. Драган Попоски и Горан Спасовски.
На трибината се обрати и претседателката на ЦКОН проф.д-р Весна Јаневска со факти и видувања за состојбата на социјалната правда, или поточно кажано социјалната неправда за сегашната состојба во образованието.
Присутноста беше огромна, а по развиената дискусија се донесоа повеќе заклучоци. Сите заклучоци се сведуваат во една точка, новата Влада по 8 мај на ВМРО-ДПМНЕ ќе го постави образованието на приоритетно место, а социјалната правда ќе биде поставена така како што секој засегнат ученик, родител/старател и наставник ќе го врати достоинството, а доблеста и емпатијата ќе се носители на новите времиња во образованието. Заклучок е дека промените зависат од сите нас
Професор Ксенија Аврамчева зборуваше за кариката која недостасува заради недоволната теренска масовна акција на домашните НВО, и покрај големите европски финансиски и средства од други светски фондации, кои под активности ставаат семинари, обуки и тркалезни маси под мото “јакнење капацитети”, се вклучуваат избрани групи луѓе партиципанти, а масовно младите незадоволни си заминуваат. Ова мора да се промени, нагласи Аврамчева.