Економијата на Израел трпи еден од најлошите падови по Втората светска војна со парализирани бизниси, голем број луѓе од граничните области на Газа принудени да ги напуштат своите домови и стотици илјади резервисти повикани во армијата.
По почетокот на војната во Газа, бруто домашниот производ е намален за 19,4% на годишна основа во последните три месеци од минатата година. Националната валута, Шекелот, благо ослабна и се тргува за 0,4% пониско, на 3,62 за долар.
Приватната потрошувачка паднала за речиси 27% на годишна основа во четвртиот квартал од 2023 година, додека фиксните инвестиции паднале за речиси 68%. Потрошените средства на јавниот сектор се зголемени за повеќе од 88%.
Извозот е намален за 18%, а увозот за повеќе од 42%. Истовремено, растот на БДП во третиот квартал од 2023 година е ревидиран на 1,8% од првично предвидените 2,7%.