Тој е силен поддржувач на социјалните каузи и демократијата во нашата држава, објави вицепремиерот Бојан Маричиќ за неговата средба со Александар Сорос, синот на Џорџ Сорос.

Средбата, иако не е наведено, најверојатно е на самитот што се одржува во Тирана, главниот град на Албанија.

– Со другарот Алекс Сорос се среќаваме на многу од самитите посветени на наоѓање механизми за поскоро членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Тој е силен поддржувач на македонската демократија, а неговата фондација Отворено општество повеќе од 30 години помага во различни социјални каузи во нашата држава, објави Маричиќ на неговиот официјален профил на Фејсбук.

Сорос помладиот, како што објавија медиумите, бил на самитот во Тирана и на фамилијарната фотографија. На прашањето на новинарка што бара Сорос на самитот и во која функција е, албанскиот премиер Еди Рама нервозно и одговорил:

– Заборавил да те праша тебе!

(Д. Г.)