Срна има 3 години. Во октомври 2023 развива сепса како последица на уринарна инфекција што преоѓа во тешка форма на пиелонефрит и остава трајни оштетувања на левиот бубрег.

По лекувањето се открива хидронефроза и камен од 11мм во левото бубреже. Додека семејството се бори со административните процедури за лекување надвор од Државна клиника, Срна добива нова сепса. Моментално е хоспитализирана во Систина каде што постои можност за нови испитувања, оперативно лекување и нејзино целосно опоравување.

Се огласија родителите: 

После сите направени напори од семејството на нашето мило девојче му треба вашата помош

-Приказната на Срна започнува со висока тт што слабо реагира на антипиретици, болки во стомакот, повраќање и омалаксаност. Првично е примена на Детска Клиника за респираторни болести Козле но според резултатите од крвната слика и урината не препраќаат на Детска Клиника со суспектна уринарна инфекција. Како итен случај ја хоспитализираат, но не на одделот за Нефрологија (бидејќи немаше место), туку на одделот за Ендокринологија. Одма започнуваат со антибиотска терапија. Поради анамнестички податок дека јадела сладолед, уринарната инфекција се заборава и ја лекуваат под сомнение дека се работи за Салмонела (иако сите понатамошни испитувања се негативни бидејќи е веќе на антибиотска терапија).

Деновите поминуваат Срна не се опоравува…

На наше инсистирање се зема нова урина која што дава многу лош наод. Деветтиот ден веќе се вклучува детски нефролог и добива соодветна терапија.

Процесот на прибирање документи за ФЗОМ е спор и трае, а Срна нема време…секоја нова сепса ја прави уште послаба и уништува дел од нејзините бубрези и тело.

Драги луѓе, немаме друго чаре освен да бараме помош од вас.

Ве молам, доколку сте во можност, донирајте и/или споделете го овој апел за нашето Срно-Зрно да си има нормално детство.

Со почит,

Трајче Панов и Васка Цветаноска Панова, родители на Срна

Буџет на проектот
Донираните средства ќе бидат искористени за сегашниот престој во болница (за лекување на сепсата), контролите, новите прегледи (Магнетна Резонанца со анестезиолошка припрема, Ехо, Цистографија), и на крај оперативниот зафат за отстранување на каменот и хидронефрозата.

Средствата потребни за овие интервенции ќе чинат најмалку 922.500,00 денари.

Донациска сметка во банка 210501614179280
IBAN: MK07210501614179280
Swift code: TUTNMK22