Вчера во 17:20 часот во Полициската станица Бит-пазар било пријавено дека на подрачје на Бит Пазар во Скопје две лица со остар предмет нападнале друго машко лице и му нанеле убодни рани.

Повредниот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, а по преземени мерки било утврдено дека се работи за лицето Ф.К.(37) од Скопје.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.