Почитувани,

Стево Пендаровски пред да биде избран за претседател во 2019 година велеше дека не му паѓа на памет на амнестира криминалци.

Пендаровски велеше дека нема да амнестира криминалци, бидејќи тоа значи дека тие луѓе го направиле претседател или дека им е должен нешто.

Откако стана претседател Пендаровски заборави што ветувал во кампања и го помилува Бедри Зекири, еден од водачите на нарко кланот „Барон“.

Да го погледнеме видеото.

Пендаровски нема едно ветување кое го одржа. Се што вети Пендаровски погази.

Нема една работа која Пендаровски ја ветил, а да ја исполнил, нема еден став кој го заземал, а да го додржал.

Пендаровски дојде на власта јавајќи на бранот „нема правда, нема мир“ за на крај да заврши како алатка за помилување на криминалци.

И не само што ги помилуваше, Пендаровски можеше да се види и во друштво на познати нарко дилери како сега убиениот Орхан Бајрами Оки.

Пендаровски не може да излезе од криминалната матрица на СДС. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.