Работата ни е врвка, ако чекаме Али Ахмети да ја победи Русија за да влеземе во Евроспката Унија, реагира проф. д-р Солза Грчева, претседателка на партијата Глас за Македонија, на слоганот од владејачката ДУИ и нејзиниот лидер Али Ахмети, кој тоа постојано го потенцира.
– Господинот Ахмети решил да се бори со Русија и руското влијание, за да влеземе во Европа. Ние не можеме со Бугарија да се избориме, тој директ со Русија. Се чудам како не ја спомнал и Кина. Му кажал некој дека кинеското влијание, преку АлиЕкспрес, ни е во секој дом?- иронично коментира Грчева.
И, додава Грчева во нејзината објава на Фејсбук, „ако чекаме Али да ја победи Русија за да влеземе во ЕУ, работата ни е врвка“.