Уморни од тоа светите текстови да се користат како оправдување за покорување на жената, група жени телози од католичко-протестантскиот свет здружи сили во пишување „Женска Библија“.
И додека движењето МеТоо продолжува со разоткривање сексуални злоставување дел од жени теолози не се помитруваат со вкоренетите библиски интерпретации за жената. Жените кои ги знаеме во преводите и интерпретациите на библиски текстови воглавно се слуги, проститутки или светици кои играат за кралеви или коленичат пред Исус и му ги бакнуваат нозете.
И додека многумина феминистки повикуваат на целосно отфрлање на Библијата, христијанството и воопшто религијата, еклектична група жени теолози тврдат дека ако се толкува правилно, Светото писмо може да биде орудие за промоција на еманципација на жените.
– Феминистичките вредности и читањето на Библијата не се некомпатибилни, тврди Лорин Савој, една од двете професорки по теологија од Женева кои се идејни основачи на неодамна објавената книга Une Bible des Femmes (Женска Библија).
На таа професорка од Теолошкиот факлултет во Женева и дошла идеја за „реинтерпретација на Библијата“ кога заедно со колешката Елизабет Парментие забележале колку малку знаат и ги разбираат луѓето текстовите во Библијата. Тие двете здружиле сили со 18 други жени теолози во низа држави.
Создале збирка на текстови со кои се оспорува тоа што жените од Библијата навредливо се интерпретираат како слаби и потчинети на мажите. Парментие укажува на евангелието по Лука во кое Исус посетува две сестри – Марта и Марија.
Тие се првите кои се обиделе Библијата да ја протолкуваат подостоинствено кон жените.