На измислиците на СДС им нема крај. Лага до лага, фабрикација до фабрикација, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
И денешниот прес на СДС каде обвинуваат за наводна злоупотреба на документи е уште една манипулација, класична монтажа и фалсификуван документ од школата на Асаф Еисин.
Единствен кој злоупотребува болни во Македонија е СДС, кои крадеа милиони на грб на болните од рак.
Милиони се испумпани додека на болните од рак наместо терапија им е даван физиолошки раствор.
Поголема злоупотреба на болни од случајот Онкологија нема. А, за тоа одговорни се СДС.
Втора злоупотреба на болни е кога СДС реши да профитира на модуларните болници, па поставуваше „картонски кутии“ како болнички објекти, кои во Тетово се запалија и одземаа живот на 14 наши сограѓани.
СДС ги злоупотребува и болните од цистична фиброза, кои останаа без терапија.
Време на злоупотреба на болните завршува. Промените се во рацете на граѓаните. Македонија ќе биде повторно на граѓаните, се истакнува во соопштението.
То доаѓа како реакција на обвинувањата на СДСМ дека мајката на кандидатот за пратеник од редовите на ДПМНЕ – Петар Марков, Силвана Маркова, вработена во ЈЗУ Струмица, објавува списоци со болни луѓе кои се лекуваат во болницата со нивен матичен број, за да може да се врши притисок истите да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. Ова е огромен скандал за кој мора институциите да покренат постапка итно!
Александар Николоски, вечниот пратеник кој немал ниту ден работен стаж во животот, треба да одговори дали е ова неговиот план за кампањата?
Николоски да одговори уште колку списоци планираат да подготват за уценување и плашење на граѓаните?, истакнаа од СДСМ на што веднаш реагираше ВМРО-ДПМНЕ.