„Никој не треба да се сомнева во нашата одлучност и решеност да направиме промени кои ќе ја сменат сликата на политиката во Македонија. Предолго живееме во мочуриштето на лаги, на измами и на време кога просечните владеат, неспособните се на позиции, а паметните тргнати на страна. Ние го покренуваме бранот на сите оние кои предолго беа игнорирани, кои премалку беа вклучени во процесите. Заеднички ја создаваме надежта која мора да ја победи апатијата. Иднината која мораме сами да ја создадеме но и одговорноста која мора да ја примениме“, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНе од митингот во Куманово и додаде:

После првиот круг од изборите јасно е дека оваа влада паѓа. И нивните сценарија, нивните планови и завери против Македонија не се за тоа како да ја задржат власта, туку пред се поради стравот дека ќе се соочат со одговорност падот на владата. Дека ќе посегнеме по ним најмилото нешто, а тоа се парите. Парите кои ги крадеа од народот, парите од тендерите, парите од договорите во 4 очи. Е тие пари ќе мора да ги вратат назад на народот а тие да одговораат.

Мицкоски посочи дека ќе има одговорност за криминалот и корупцијата.

„Ќе одговораат и затоа што Македонија ја донесоа на работ на сиромаштија. Тоа што 600 илјади наши сограѓани живеат со само 160 денари на ден. Тоа што имаме најголема инфлација во Европа, рекордери по криминал и индекс на мизерија. Но и ќе одговараат што ја одземаа државата и приграбија за себе. 100 души од ДУИ управуваат со се во земјава. Тие мислат дека се господари на животот и смрта, дека располагаат со државата додека безмилосно ја крадат. СДСМ тоа им го овзоможи за да може да владее. А од друга страна Али си создаде артанониден систем. Тоа е системот кој длабоко ДУИ ја однесе во криминал и корупција. Тие не дејствуваат како партија, туку како мафијашка структура додека и нивниот народ гладува“, посочи Мицкоски и додаде:

Додека Артан се вози во скапи автомобили за кои лаже дека се на компанијата која случајно добила државни тендери, тука во Кумановско, погледнете во Липковско како живеат албанците. Подеднакво сиромашно како и сите други. И кога Али ќе каже УЧК ја спасило Македонија, тоа е само израз на лицемиерието преку кој тој преку 2001та преку злоупотребувањето на судбините и маките на неговиот народ и играјќи си со иднината на државата стигна до милионски имот и дворци во Зајас. После 20 години тој не унапреди никакви права, но неговото чедо Артан стана синоним за сите фаличности и недостатоци на системот, за сите криминали и копрупции.

Мицкоски истакна дека Али Ахмети ќе ја заврши кариерата како криминалец.

„И Ахмети за себе може да смета, како што самиот изјавува дека е востаник, може да кажува дека е и научник за НАСА, но јас а и сите вие тука знаете дека ќе ја заврши кариерата како обичен криминалец. За ВМРО-ДПМНЕ се многу јасни позициите и определбите. Не сакам да разговарам со емисарите кои секојдневно ги праќа за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. ДУИ за мене е завршено поглавје и ќе оди во опозиција“, истакна Мицкоски.