Словачки медиуми објавуваат неофицијални информации човекот кој пукаше во словачкиот премиер, Роберт Фицо, 71-годишниот писател Јурај Цинтула, приврзаник на либералната партија Прогресивна Словачка.

Во минатото Цинтула на социјалните мрежи отворено ја изразуваше својата омраза кон Фицо.

Медиумите пишуваат дека пред обидот за атентат врз Фицо, осомничениот му викнал на премиерот „Робо, дојди овде“, по што отворил оган.

Според медиумите, тој имал легално регистрирано оружје и со него пукал во Фицо.