Извозот и увозот во Кина се зголемени за 15 отсто во споредба со минатата година, и покрај трговската војна со САД, објавија кинеските власти.
Минатата година Кина имаше увоз и извоз вреден четири билиони долари, се наведува во соопштение од властите.
Тоа значи дека оваа година обемот на надворешната трговија е околу шест билиони долари.
Од јули Кина води трговска војна со САД, кои го обвинуваат Пекинг за нечесни трговски договори. Вашингтон воведе царини за кинески стоки за 250 милијарди долари, а Кина возврати со царини за американски увоз за 110 милијарди долари.