Германската полиција соопшти дека ќе воведе рестрикции за алкохол на натпреварот од првото коло од групата Ц на Европското фудбалско првенство меѓу Англија и Србија, што се игра во Гелзенкирхен.

Германската полиција излезе со соопштение дека на стадионот во Гелзенкирхен ќе биде забрането точење на обично пиво кое содржи меѓу четири и пет проценти алкохол, туку ќе се служи само светло пиво со јачина од 2,5 проценти алкохол.

Продажбата ќе биде ограничена на две пива по лице.

Организаторите ги објаснија рестрикциите како мерка на претпазливост за навивачите на Англија.

Англија и Србија се сместени во групата Ц на Европското првенство, каде ривали им се Данска и Словенија.

Натпреварот меѓу Англија и Србија е закажан за в недела од 21 часот.

ФОТО: Икс