Согласно измени на законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Владата донесе одлука за укинување на економските директори во јавните здравствени установи, информираат попладнево од владината прес-служба.
Како што се појаснува во соопштението, ќе се укине постоењето две управувачки позиции – организациски и медицински директор, што досега беа присутни во здравствените домови со над 1.000 вработени, универзитетските клинички центри, универзитетските клиники, клиничките болници и институтите.– На овој начин ќе се одбегне дуализмот и прецизно ќе се лоцира одговорноста во менаџирањето на институциите. Исто така, на овој начин се исполнува уште едно ветување од програмата на Владата, се наведува во соопштението.