Рускиот претседател Владимир Путин не бил во контакт со поранешниот американски претседател Доналд Трамп по обидот за атентат во Пенсилванија и не се планирани никакви контакти, изјави денеска прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

„Не, (рускиот претседател Владимир Путин) не контактирал со Трамп и не се планирани контакти“, рече Песков одговарајќи на новинарско прашање, пренесува РИА Новости.

Трамп во саботата го прекина јавниот настап во Пенсилванија поради пукањето во кое беше ранет во увото.

Американската тајна служба соопшти дека го убила осомничениот, 20-годишниот Томас Метју Крукс од Пенсилванија, кој испукал неколку истрели кон бината каде што зборувал Трамп.

Во престрелката загина 50-годишен поранешен пожарникар, а две лица се тешко повредени.