Руското Министерство за одбрана преку свои профили на социјални мрежи објави за моќно ласерско оружје Пересвјет за кое велат дека за помалку од секунда уништува цели.
Оружјето го добило името по православниот војник Александар Пересвјет кој на почетокот на битката за Куликово се судрил со татарскиот првак Темир-мурза.
Руската армија наводно веќе го користи на терен, но не се знае колку е моќно бидејќи руската влада не откри што точно со него може да се прави. Заменикот руски министер за одбрана Јуриј Борисов рече дека Пересвјет може да неутрализира цели за помалку од секунда.