Денеска при стартот на градбата ан нова градинка во Трубарево, Мискоки во одоговор на новинарски прашања рече дека летово ќе се занимаваат со тоа да ја стабилизираат состојбата, а од септември ќе се занимаваат со тоа што претходната власт направила.

За кредитот што земјава треба да го земе од Унгарија и која е мотивацијата унгарската Влада да ни дава ваков кредит, Мицкоски не одговори конкретно, но им се заблагодари на, како што рече, сите оние кои ни помагаат во услови кога таа помош ни е потребна. Најави дека наскоро ќе биде донесена и одлуката за Планот за раст на ЕУ и дека и оттаму земјава ќе добие финансиски средства.

– Ова е конкретна помош. Фала им на пријателите, имаме поддршка и помош од тие кои ни се пријатели во овој почеток како нова влада да направиме нешто за граѓаните, да се консолидираме. Благодарен сум им на сите оние што ни помагаат во услови кога таа помош ни е е потребна. Но тоа не е се. При крај сме со уште една владина одлука, а тоа е да го одобриме Планот за раст на ЕУ и од таму очекуваме голема финансиска инјекција и мислам дека ќе биде околу 750 милиони евра во рок од четири години. Првиот трансфер го очекуваме оваа есен така што благодарност и до ЕУ, изјави Мицкоски.