Кристо Пандофски, лекар специјалист-хирург, Македонец, по потекло од селото Врбник, прогласен е за почесен граѓанин на општина Билишта,Република Албанија.
Во образложението,како што пренесува весникот „Илинден“ Тирана, се наведува дека признанието му се доделува со мотивација „мисионер за здравје и хуманост“.
Предлог да му се додели ова високо признание е на градоначалникот на Билишта, Бледјон Налбати а подржан од Советот на оваа општина, како и на општина Девол.
-За несебичната посветеност на доктор Пандофски во здравствената заштита на граѓаните на Билишта и поширокиот регион и огромната хуманост што ја негуваше кон секого останува пример за сите. Ова признание е најмалку со што можеме да му се заблагодариме за она што тој го направи за нас,изјави Налбати на свеченото врачување на прзнанието.
Пандофски, кој од неодамна е во пензија, искажа голема благодарност за вниманието, велејќи дека е чест да се биде почесен граѓанин на Билишта,онаму каде што го поминал поголемиот дел од својот живот.