Она што меѓу другото го прави Псково-Печерскиот манастир посебен се светите пештери кои се навистина посебни и исклучителни. Токму во нив пред шестотини години започна животот на манастирот.
Подземните лавиринти се протегаат на километри под црквите, ќелиите, градината и ливадата. Таму живееле првите монаси. Направиле под земја
црква, а според древниот библиски обичај таму биле закопанувани упокоените браќа. Изградбата на манастирот на површината започнала
подоцна кога бројот на монасите станал многу поголем.

Уште од тие антички времиња, пештерите почнале да се нарекуваат бого-изградени, односно оние кои Бог ги изградил, поточно ги создал. Тоа име
не се појавило поради природното потекло на пештерата, особено што самите монасите подоцна многу ја прошириле мрежата на подземни коридори, тука затоа што било забележано дека штом телото на починатиот било внесено во пештера, веднаш престанува да го испушта карактеристичниот мирис
за мртвиот човек.

Досега во пештерите се закопани повеќе од четиринаесет илјади луѓе: монаси, жители на Печерск и војници кои го штителе манастирот во ерата на средновековните непријателски напади. Таму мртовечките сандаци не се закопуваат туку, туку едноставно се редат еден врз друг. Посетителите кои со свеќи во рацете ги поминуваат долгите лавиринти секогаш се воодушевени од свежиот и чист воздух во пештерите.

Во една црковна песна се вели: „Ако му е угодно на Бога, законите на природата ќе бидат поразени“. Туристите неверници излегуваат од пештерите изненадени, но сепак одбиваат да им веруваат на своите очи, поточно сетилото за мирис. На тие што се нешто пообразовани не им останува ништо
освен длабокоумно да цитираат: „Има многу работи на небото и земјата за кои нашите мудреци не ни сонуваат, Хорацие мој!“

Многу настани се поврзани со тој подземен простор. Еден од нив е тој во 1995 година, кога во Псков-Печерскиот манастир дошол Борис Николаевич Елцин. Манастирот и пештерите му ги покажал манастирски благајник, архимандрит Натанаило. Слаб, со оседена коса, со истрошени чевли и искината облека тој, осветлувајќи им го патот на сите, го водел низ пештерите шефот на државата и неговата придружба. Конечно и Борис Николаевич видел дека таму се случува нешто неразбирливо, па тој прашал со зачуденост како не се чувствува мирис од мртовечките сандаци со покојници, наредени во низа така што можат со рака да се допрат.

Отец Натанаил му објаснил на претседателот:
– Тоа е божјо чудо.

Обиколката продолжила, но Борис Николаевич, по некое време, со сомнеж го повторил прашањето.
– Така тоа го уредил Господ – пак кратко одговорил отец Натанаил.

Поминале уште неколку минути и претседателот на излегување од пештерите го праша старецот со шепот:
– Баќушка, кажи ми една тајна! Со што ги премачкувате?
– Борис Николајевич, има ли во вашето опкружување лица кои мирисаат?, му рекол отец Натанаил
– Секако дека не!, одоговорил Елцин.
– Дали мислите дека некој од кругот на небесниот император би се осмелил да смрди?

Се вели дека Борис Николаевич бил целосно задоволен со тој одговор.

Дури и за време на официјалното владеење на атеизмот, но и во наше време, многумина се обиделе и сè уште се обидуваат некако да го објаснат тој мистериозен фенимен од Печерските пештериу. Ех, пто се не измислија, почнувајќи од онаа познатата варијанта што му падна на ум на Борис Николаевич Елцин, за тоа дека монасите премачкуваат четиринаесет илјади тела дневно со мириси, па се до хипотезата за единственото својство на песокот таму
кој наводно го впива секој мирис.

Најпопуларна беше последната верзија и во советско време тоа обично им го кажувале на туристите. Старите монаси раскажуваа како големиот игумен на Псков-печерскиот манастир, архимандрит Алипија, кој раководел со манастирот за време на прогоните на Хрушчов, секој пат кога предводел некоја делегација на советски лидери во обиколка на пештерата, обично ќе зел со себе марамче натопено во обилни количини колонска вода.

Штом посетителите ќе почнеле арогантно да коментираат за песокот и впивајќи го мирисот, отец Алипија едноставно ќе им го турнел под нос марамчето натопено во невообичаено силен советски парфем, и би им предложил да обрнат внимание на цвеќињата кои мирисаат покрај гробовите на старците кои сите ги почитувале.
– Не можете ли да се помирите со фактот дека барем нешто во овој живот не го разбирате? – би прашал тој. – Кога би имале прилика да присуствувате на внесувањето на покојникот во пештерата, би се увериле дека штом ќе се внесе телото, мирисот на гниење целосно ќе исчезне. Тогаш што би направиле? Дали и тогаш би измислиле нешто?

Пештерите се протегаат на километри, но колку мавистина се долги, никој во манастирот не знаел, дури ни игуменот. Имавме претчувство дека тоа
им било познато само на отец Натанаил и архимандритот Серафим, кој најдолго бил во манастирот.

Моите пријатели еромонах Рафаил и еромонах Никита, во една прилика ги зеле клучевите од старите монашки гробишта. Во тој дел од лавиринтот немало погребувања од 1700 година, така што на неговиот влез имало железна порта. Осветлувајќи го патот со фенери, монасите оделе под ниските
сводови и љубопитно гледале наоколу.

И десно и лево во низите имало дрвени, специјално издлабени сандаци, какви што беа порано се правеле во Русија, кои со текот на времето почнале да се распаѓаат. Во нив се коските на манастирските браќа, претходниците на отец Никита и отец Рафаел. По некое време наичле на еден толку затворен сандак кој бил целосно зачуван.

Љубопитноста преовладала, па монасите клекнале и внимателно го кренале тешкиот поклоп. Пред нив лежел игуменот. Неговото тело било недопрено, а прстите, жолти како восок, го стискале на градите големиот крст. Само лицето му било зелено. Кога малку закрепнале од шокиранаст, еромонасите сфатиле дека причината за чудната појава е гниење на зелениот превез со кој, според древните обичаи, се покривало лицето на починатиот свештеник. Во текот на неколку векови таа ткаенина се претворила во прашина. Еден од монасите дувнал и зелен облак се кренал во воздухот и пријателите тогаш го виделе недопреното лице на старецот.

Се чинело дека ќе ги отвори очите во секој момент и ќе погледне строго во љубопитните монаси кои се осмели да му го нарушат светото упокојување. Кога го сфатиле тоа дека пред нив се нераспадливите мошти на сè уште непознат светец на овој свет, еромонасите биле толку исплашени поради нивната дрскост што брзо го спуштиле капакот и побрзале назад во нивниот дваесетти век.

Ако некој од нас почетниците западнеше во сериозна неволја, често одевме во пештерите за да побараме помош од големите подвижници. Нормално, би клекнувале и би го допирале ковчегот со раце и би го замолиле некој од старците за молитвено застапништво и помош. А не би чекале долго за помош. Со нашите барања, ние особено му досадувавме на старецот Симеон, кој починал во 1960 година и кој неодамна беше канонизиран. Честопати баравме помош од големиот игумен, архимандрит Алипиј, но и од други старешини кои следеа еден по друг, а кои по по трудот во земниот живот, со своите души отидоа кај Бога, а со своите тела во пештерите.

Дури во дваесеттиот век била откриена уште една посебна мисија и нешто многу важно што го прави Псков-Печерскиот манастир навистина достоинствен. Троица-Сергиевска Лавра, Оптинска пустина, Киево-Печерска Лавра, Соловки, Валаам и Саров биле познати манастири не само во Русија, но и во целиот христијански свет, додека Псков-Печерскиот манастир со векови бил само обичен провинциски манастир.

Меѓутоа, во повоените години, кога Црквата почнала да се опоравува од уништувањето што следеше по револуцијата, неочекувано, се покажа дека токму тој оддалечен манастир самиот Бог го избрал за посебна и многу важна услуга. Одеднаш се покажа дека Псков-Печерскиот манастир е всушност единствениот манастир на територијата на Русија кој никогаш не бил затворен, ниту во советско време, што значи дека е сочуван скапоцен континуитет на монашкиот живот. До 1940 година бил манастир кој се наоѓал на територијата на Естонија, а по нејзиното припојување кон СССР болшевиците едноставно немале време да се занимаваат со него затоа што започна Втората светска војна.

Подоцна, за време на Хрушчовскиот прогон на Црквата, големиот игумен, архимандритот Алипиј, успеа да се спротивстави на гигантската држава и не дозволил манастирот да биде затворен. Тоа што во манастирот не бил прекинат духовниот живот е навистина од непроценливо значење. Не случајно е во Псков-Печерскиот манастир во советската ера, односно во педесеттите години на дваесеттиот век старчеството го доживеа своето повторно раѓање како едно од богатствата на Руската православна црква.

Архимандрит Тихон ШЕВКУНОВ во книгата “Несвети, а свети“