Цената на свинското месо жива мера е намалена за 20 денари за килограми. Гоце Сарафимов одгледувач на свињи и потпретседател на Асоцијација на земјоделци вели дека ова се должи на ниската откупна цена на житариците, односно на јачменот.

-Цената на свинско месо жива мера е се уште поволна, иако сега во моментов е малку падната, од 140-150 денари падната е на 125-120 денари, плус пет посто данок. Меѓутоа добра е и таа цена во моментов, не е загрозувачка за одгледувачите на свињи, вели Сарафимов.

Забележува дека се уште е исплатливо одгледувањето на свињи, имајќи во предвид дека годинава откупната цена на сточната храна беше ниска, односно јачменот го откупувале за 9 или 10 денари по килограм.

На прашање на МИА дали по африканската чума е намален бројот на свињи во земјава, Сарафимов вели дека е намален, но не во голем обем, бидејќи голем дел од одгледувачите ги обновуваат своите свињарски фарми.

-Моментално се обновуват сите тие фарми, кои беа зафатени со африканска свинска чума, што значи дека пазарот е задоволен од свинско месо, изјави Сарафимов.

Тој посочува дека во месарите има мало намалување на свинското месо за крајните потрошувачи.

Фото: Архива