Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на поставување камен-темелник за изградба на спортска сала во населеното место Огњанци во општина Петровец.
Како што информира владината прес-служба, салата ќе биде со димензии 25 метри квадратни на 21 метар квадратен, а за неа ќе бидат вложени 12.000.000 денари обезбедени од Министерството за образование и наука и 6.000.000 денари од општинскиот буџет. Рокот на изведба е пет месеци.