Јавното обвинителство на германската покраина Северна Рајна Вестфалија денеска соопшти дека е можно нападот со нож во градот Солинген, во кој загинаа три лица, а уште седум се повредени, да е терористички акт.

„Досега не можевме да го идентификуваме мотивот. Сепак, врз основа на сите околности, претпоставуваме дека не може да се исклучи првичното сомневање дека станува збор за терористички акт“, рече на денешната прес-конференција високиот јавен обвинител Маркус Касперс , пренесува Велт.

Властите потврдија дека насилникот, кој е во бегство, вчера вечерта на градскиот фестивал во Солинген избодел до смрт три лица и повредил седум други, од кои четворица тешко.

Според началникот на полицијата во Дизелдорф, Торстен Флајс, во тек се опсежни мерки за пребарување и истрага во Северна Рајна-Вестфалија и низ цела Германија, објави претходно Билд.

Осомничениот, според очевидци, личел на Арап, а полицијата во Солинген прогласила состојба на општа опасност, објави локалниот весник Zollingen Tageblat.

Претседателот и канцелар на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер и Олаф Шолц, денеска изјавија дека напаѓачот мора брзо да биде фатен и најстрого казнет.