Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто денеска изјави дека Будимпешта мора да се подготви за сериозни напади врз нејзината суверена надворешна политика и во наредната година и дека „либералите ќе ја нападнат политичката, физичката, економската и енергетската безбедност на таа земја“.

На фестивалот Транзит во Тихани тој истакна дека зачувувањето на суверенитетот на Унгарија не е прашање на политичка идеологија, туку на „живот и смрт“, пренесува порталот hvg.

Сијарто се осврна на загрозената безбедност на, како што вели, кандидатите за мир, вклучително и неодамнешните обиди за убиства на словачкиот премиер Роберт Фицо и поранешниот американски претседател Доналд Трамп.