Јованка КЕПЕСКА

На почетокот беше зборот што значи говорот, стои во Библијата. Да се има предвид дека сходно според филозофската антропологија ние сме она што со мајчиното млеко сме го примиле од мајката. Убав збор за говорот што мајката ни го пренела. Според што сме изградени како личности.

Оттаму, говорот има значајно место во животот на поединецот, на народот и на општеството. По говорот се препознаваме како луѓе. Ја отсликува нашата духовност. Покрај тоа што, издвоено,  ја покажува и убавината на реченото. Во естетска смисла. Па создава мајстори на зборот. Колку се воодушевуваме на убавите стихови, на убавите прозни секвенци, на убавите филозофски синтагми.

Говорот е многу повеќе. Соответната содржина ја искажува зборот логос. Во него е искажана објективната, значи физичката, поетичната, значи според формата на убавото, и, практичната, организациската, спроведливост, притоа содржана.

Говорот на народот зборува за доховната моќ што ја има и по што е тој свој, различен, посебен. Колку е неговиот учинок во духовното богатство во широки размери. Да, народите имаат свој идентитет! Тој е творечки – духовен, значи ментален, културен покрај физичкиот идентитет. Што е сé во едно. Народот има квалитативна определба. Во таква смисла го гледаме македонскиот народ и се заложуваме во градењето и одбраната на неговиот идентитет. За пристапот кон идентитетот на македонскиот народ притоа ги издвојуваме историски поминливите наслаги за неговото историско произнесување, какви што се влијанијата од спектарот на „производите“ создадената во помодно светската состојба. Тие се одредници на помодна состојба на неговиот идентитет. Што значи не се негови и вистински за него.

Притоа да се потсетиме на филозофскиот пропедефтички приод на значајниот хрватски, не и само хрватски, филозоф, Вања Сутлиќ за народот. Имено, дека покрај нашето мислење на народот како на објект треба да го сообразиме и на мислење дека самот народ е субјект. Значи, прво, дека е обврзно да се мисли за народот и, второ, дека народот е тој што создава. Иако, според големиот песник, Холдерлинг, „Ништо потешко не учиме отколку слободно да го употребуваме националното“. И дека „ тоа е она што е најтешко“.  Но спојот дека народот е субјект и мислењето на народот е непремостив.

Во секој говор препознатливо е општеството. Неговата состојба и дали постои можноста за процут, за слобода, истозначно со творештво. Како негово равенство. Како составен дел што говорот ја невестува како можност.

Во говорот ја препознаваме состојбата на општеството. Затоа што говорот, сам по себе, говори за состојбата на општеството.

Оттаму говорот е оној кој во некои општества станува опасност. Затоа што токму во него е навестена и можната промена. Вообичаено, конзервираните групи на власт, за да ја задржат својата моќ во општеството, посегнуваат по ограничувања на говорот.

И дотолку повеќе заложбите за слобода на говорот во македонските услови се крајно неопходни. Со слободата на говорот доваѓа напредокот и на поединецот, и на народот и на општеството во целост, дефинитивно.