Германскиот град, каде што Елвис Присли бил стациониран како американски војник, инсталира пешачки светла на семафори со слики од кралот на рокот.
Црвеното светло ја прикажува сликата на која пејачот стои со микрофон во рака, додека на зеленото светло Елвис Присли танцува.
Светлата се инсталирани во германскиот град Фридберг, каде што Елвис, кој почина во 1977 година, бил стациониран во касарната на САД од октомври 1958 до март 1960 година.
Фридберг, северно од Франкфурт, веќе има „Елвис Пресли Плац” – плоштадот Елвис Присли.
Но, градските власти одлучија да ги додадат и светлата како дополнителна атракција за многуте фанови на Елвис, кои веќе го посетуваат градот.
Елвис, кој беше една од најголемите ѕвезди во светот, бил повикан на национална служба во Армијата на САД во почетокот на 1958 година и се приклучил на Третата вооружена дивизија.
Тој бил испратен во Германија, но му било дозволено да живее надвор од базата со својот татко и баба.
Пејачот, исто така, вработил и секретарка за време на неговиот престој во Германија за да одговара на поштата, која ја добивал од своите фанови и секоја вечер потпишувал автограми на обоважателите, кои се собрале пред армиската база.
Тој, исто така, се погрижил неговата издавачка куќа да продолжи да ги издава неговите песни додека бил во армијата и имал во топ десет, 40 хитови додека таму.
Набрзо откако се преселил во Германија, Елвис се запознал со тогаш 14-годишна Присила Боулие, чиј татко бил и во Германија со воздухопловните сили, за време на една забава во неговиот дом.
Таа веднаш му се допаднала, а двајцата биле практично неразделни во Германија.
Тие останале во контакт кога тој се вратил во Америка, а Присила се преселила на имотот на пејачот Грејсленд во 1963 година. Парот се оженил во 1967 година, но се разделил во 1973 година.