ПОВЕЛЕТЕ НА МАКЕДОНСКА ПЕСНА
Прв голем, солистички концерт на Габриела Новевска, насловен “Те кажувајет, Илино моме”, кој ќе се одржи на 10 септември во големата сала на Националната Опера и Балет, со почеток во 20:00ч.
На овој концерт ќе бидат премиерно изведени сите осум композиции од истоимениот албум и уште неколку нови преработки, за комплетно концертно уживање.
Габриела Новевска ја интерпретира македонската народна песна најблизу до нејзината оригинална варијанта, истовремено оставајки свој, автентичен белег.
Иако е долги години препознатлива како вокал на етно составот “Монистра” и е вработена и дел од Националниот Ансамбл “Танец”, проектот “Те кажувајет, Илино моме” е она со кое самата се издвојува. Па така, народната песна ја вметнува во фузијата на рок и џез музиката. Начинот на старото македонско пеење е задржан, додека музичката обработка се вклопува во денешниот, модерен свет. Во целиот проек се вклучени најреномираните музичари во својата област, а аранжманите се дело на Александар Јовевски.
“Те кажувајет, Илино моме” е проект кој ќе ги разбуди сите Ваши емоции.
10 септември 2024
Национална Опера и Балет
Почеток во 20:00ч
ГАБРИЕЛА НОВЕВСКА – “ТЕ КАЖУВАЈЕТ, ИЛИНО МОМЕ”