Демонстрантите се собраа утрово во 6:29 часот, симболично, кога во истото време на 7 октомври започна крвавиот поход на Хамас во Израел при што загинаа 1200 луѓе, а беа киднапирани уште 250 луѓе

Луѓето кои посакуваат владата на Израел да постигне договор со Хамас за ослободување на заложниците денеска ги блокираа улиците и протестираа пред домовите на владините министри.

Демонстрантите се собраа утрово во 6:29 часот, симболично, кога во истото време на 7 октомври минатата година започна крвавиот поход на Хамас во Израел при што загинаа 1200 луѓе, а беа киднапирани уште 250 луѓе.

Демонстрантите ги блокираа најголемите крстосници и запалија гуми на главниот пат што ги поврзува Тел Авив и Ерусалим, пред да бидат растерани од страна на полицијата.

Ваквите демонстрации доаѓаат во период кога се засилуваат обидите за постигнување договор меѓу Хамас и Израел за ослободување на заложниците, но сѐ уште има несогласувања меѓу двете страни.

Здравствените власти во Газа објавија дека повеќе од 38 илјади луѓе загинале во израелската офанзива против палестинската енклава.

Групи опремени со мегафони и транспаренти протестираа пред домовите на голем број министри и коалициски претставници.

Во кибуцот Ор Ханер, лоциран во близина на Газа, демонстрантите врзаа црн балон за секој убиен во нападот и жолт балон за секој заложник што сè уште се наоѓа во Појасот.