Гимназијата 7 март во Тетово е основана е пред десет години. Учебната година 2015/16 започна со 1300 ученици во 48 паралелки.
Денеска има само 400 ученици во 32 паралелки, објави ТВ 21.
Оваа година во прва одделение се запишале само 90 ученици, вели директорот Исмаил Влаши.
„Периодот кога дојдовме овде, знаете дека гимназијата беше една гимназија, а во моментот кога беше направена поделбата во 2015/2016 година, во тој период целото училиште броеше некаде помеѓу 1200-1300 ученици и постепено поради недостаток на ученици од 12-те паралели што ги имавме тогаш останавме со 8 паралели. Значи има вкупно 32 паралели, а причината за намалувањето на паралелите беше токму малиот број на ученици“, вели Исмаил Влаши.
Раководителот за образование во општина Тетово, Назми Даути,вели дека бројот на ученици секоја година се намалува и во основните и во средните училишта. Оваа учебна година Тетово има 134 ученици помалку, а тоа значи четири до пет паралелки помалку.
„Тоа може негативно да се одрази доколку продолжи овој тренд на миграција на младите, како во функционирањето на училиштата, прогласувањето за технолошки вишок, но се работи на тоа на ниво на република да се предложи измена на законот за основно и средно образование да се намали фондот на часови, од 20 на 15 , бидејќи овој проблем не е само во градот Тетово, добро знаете дека во гимназијата на Македонски Брод има 28 професори и само 17 матуранти“, вели Назми Даути.
За 10 години Тетово изгуби околу 10.000 ученици. Причината за тоа се гледа во намалувањето на наталитетот, но и во големото иселување. Забележан е најголем интерес за медицинското училиште, бидејќи младите по дипломирањето полесно наоѓаат работа во земјите од Европската унија, особено во Германија.