На прашање на ТВ21 до Министерството за внатрешни работи колку граѓани ја напуштиле државата во петокот и вчера на ГП Богородица и ГП Меџитлија, од МВР велат „на ГП Богородица во периодот од 10.00 часот вчера до 10:00 часот денес излез оствариле 4.560 македонски државјани, а на Меџитлија оствариле 2.654 македонски државјани“.

„На граничниот премин Богородица во периодот од 10.00 часот вчера до 10:00 часот денес излез оствариле 4.560 македонски државјани. Што се однесува до странските државјани 1.505 ја напуштиле нашата држава. Отворени се пет ленти за излез од државата и пет ленти за влез во државата.

На граничниот премин Меџитлија во периодот од 10.00 часот вчера до 10.00 часот денес излез оствариле 2.654 македонски државјани. Што се однесува до странските државјани 918 ја напуштиле нашата држава.

Од страна на МВР се преземаат сите мерки и во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, се разбира со спроведување на задолжителните гранични проверки“, велат од МВР за ТВ21.