Овој ден не е за поделби и за размислување власт и опозиција. мислам дека е ден за единство. Празниците треба да ги искористиме за да ги видиме кои се заедничките точки во македонското опшество и граѓаните. Имаме домашна задача, а тоа е Планот за раст на ЕУ. Ако паметно го искористиме планот и ги направиме сите неопходни реформи кои што се битни за нас, а не за Европа, имаме шанса да станеме европска држава, пред стапувањето во ЕУ. Мислам дека со ангажманот на институциите, ќе успееме вистински да станеме европска држава, вели членот на Владата и министер за информатичко општество и дигитална трансформација, Стефан Андоновски одговарајќи на прашањето кога ќе ги почнеме преговорите со ЕУ и кога ќе станеме полноправна членка.

Според него, „не сака да игра со дебати“ и смета дека граѓаните треба прво да почувствуваат дека сме европска држава, а потоа и вистински да станеме членка.

Андоновски ова го изјави на свечената академија „Заедно се бориме, заедно ќе успееме“ по повод Денот на независноста – 8 септември, која се одржува во Македонската филхармонија.