Властите во Техеран потврдија дека испратиле балистички ракети во Русија за да ја продолжат војната во Украина, во замена за соја и жито.

И покрај официјалното демантирање, ирански пратеник се огласи помалку од 48 часа откако американските власти предупредија на зајакнување на воените врски меѓу Техеран и Москва, објави британски „Телеграф“.

„Ги заобиколуваме санкциите преку нашето партнерство со Русија. Увезуваме соја, пченка и други стоки од Русија“, рече Ахмад Бахшаис Ардестани, ирански пратеник и член на Комитетот за безбедност и надворешна политика.

Иран е под строги западни санкции кои го ограничуваат неговиот пристап до западните валути, принудувајќи го да менува стоки за храна и гориво. Аналитичарите велат дека инвазијата на Кремљ на Украина во 2022 година ја забрзала новата антизападна оска со Русија и Иран во неговото јадро, концепт што го поддржал Ардесани.

„Ние им даваме ракети на Хезболах, Хамас и Ал Шабаб, па зошто да не и на Русија и продолжи:

Европејците и продаваат оружје на Украина. НАТО влезе во Украина, па зошто да не го поддржиме нашиот сојузник со испраќање проектили и беспилотни летала во Русија?“

Американските разузнавачки претставници претходно потврдија дека Иран испратил најмалку 200 балистички ракети во Русија. Тие се идентификувани како ракети „Фатх-360“, кои се лансирани од мобилни платформи. Нивниот домет е околу 120 километри, а нивната прецизност е во рамките на 30 метри. Тие можат да носат околу 200 килограми експлозив.

Овие проектили можат да се споредат со ракетите HIMARS, произведени во САД, со дострел до 300 километри. Брзината на балистичките ракети „Фатх-360“ е 4 мах, додека американскиот ХИМАРС има брзина од 2,5 маха.

Иран ја снабдува Русија со проектили веќе две години, но Вилијам Брнс, директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), минатиот викенд на состанок во Лондон рече дека испораката на балистички ракети од Иран на Русија претставува „драматична ескалација“ во односите меѓу двете земји.

„Тоа е двонасочна улица. Русија може да направи многу за да ги направи иранските балистички ракети многу поопасни за употреба против нашите партнери и пријатели ширум Блискиот Исток“, рече Барнс.

Говореше и Сер Ричард Мур, директор на британската разузнавачка служба МИ6, кој рече дека Иран избрал да биде активен учесник во руската војна во Украина.

„Ако овие проектили се појават на фронтот, тоа ќе стане очигледно многу брзо. Тие ќе експлодираат, ќе убијат украински цивили и ќе ја уништат нивна инфраструктура“, рече тој.

Кога САД испратија ракети ХИМАРС во Украина во 2022 година, тоа се сметаше за еден од најважните моменти во војната. Тие беа искористени за уништување на руски командни центри и логистички центри зад фронтот, што принуди на повлекување на руските трупи.

Фарзин Надими, висок советник во Вашингтонскиот институт за блискоисточна политика, вели дека испораката на балистички ракети од Иран во Русија покажува дека Техеран игра сè поважна улога како снабдувач на воена опрема за Русија.

„Испораката на ракети со помал дострел може да го отвори патот за испорака на ракети со поголем дострел во иднина“, рече тој.