Време е Европската Унија да нè сретне на половина пат и да ја врати вербата на граѓаните во евроинтеграциите, истакна министерот за европски прашања, Орхан Муртезани на „Балканскиот интегративен форум 2024“ (BIF2024), кој се одржува од денеска во Подгорица, Црна Гора.

Додека еднаш имаше ентузијазам за европските интеграции, сега има незадоволство за европскиот сон. За Македонија и Западен Балкан Европската Унија не смее да се гледа како илузорна цел. Стратешки интерес на ЕУ е Западиот Балкан да не го изгуби интересот, порача Муртезани.

Тој истакна дека евроинтеграциите се морален императив, посветеност на мир, демократија и иднината на граѓаните.

Овој процес претставува егзистенцијален избор кој го преобликува општеството. Верувам дека интеграцискиот процес е можна алатка за трансформација, дополни министерот за европски прашања Орха Муртезани.