Благоја ФИЛИПОВСКИ

Најекспониран врховизам меѓу македонскиот народ секако е бугарскиот. Но дали бил само тој или има и други? Јас сум човек во поодминати години и зборувам од лично искуство кога за време на СФРЈ ќе ги застапував македонските интереси меѓу колегите кои беа од мешан етнички состав и од поединци бев прогласуван за бугараш. Оној што ја прочитал книгата „Судени за Македонија“ ќе увиди дека многу патриоти биле судени за ванчомихајловизам, т.е.врховизам.

Па денес бугарската држава сите тие ги прогласува за Бугари и така не мава со наш камен. Кој ја гледал снимката од дочекот на бугарската војска 1941 год во Скопје видел дека имало бугарски врховизам од одредени луѓе кои што по мое мислење тоа го правеле од личен интерес како би станале државни службеници. Кога 1943 год во Македонија ни го пратија како неформален губернатор Темпо многумина ја видоа приликата да станат функционери и државни службеници. И што можеме да кажеме за оваа појава освен дека тоа е српски врховизам и истиот не потекнува од 1943, туку уште од времето на првата српска окупација 1912-1913 а поготово 1918.

Највероватно третиот врховизам, грчкиот е настанат во исто време. Децата го учат тоа што им го кажуваат наставниците и она што го пишува во учебниците. И знаевме само за еден врховизам, а другите беа ставени под тепих. Во стварност сите три врховизми датираат од моментот кога нашите соседи добиле држави со помош на светските моќници и ги впериле очите во македонската земја и народ како би ги придобиле за својот интерес. И сето тоа било платено со дебели пари и привилегии, а оние што тоа не сакале да го прифатат од Србите биле прогласувани за бугараши, од Бугарите за србомани, а исто и од Грците.

Сите врховизми ги имаме видено на дело и сите се на наша штета, сите работат на уништување на македонската нација. Она што се случи пред извесно време во Албанија е со истата цел и платено со пари и за жал им успеа да од нигде никаде произведат над осум илјада Бугари. Ако се знае дека десетици илјади Македонци зедоа бугарски пасоши од економски причини и истото не е за фалба затоа што со тоа ги прогласиле за Бугари и своите починати предци а на тоа немаат право. Посебно е интересен последниот попис во Македонија каде што одеднаш се појавија околу три илјади Бугари. Интересна е и појавата на Бошњаци во Гора кога истите го зборуваат македонскиот јазик.

Врховизмите, без разлика чии се, треба да се осудуваат без пардон. Македонскиот народ е ставен пред големи искушенија уште пред 200 години, како што напоменав од времето на создавањето на балканските држави. И ако тоа сите го знаеме и ако власта не превземе соодветни и енергични мерки и ја спречи смислената асимилација тогаш тоа ќе биде крај на македонштината како што во една прилика рече еден бугарски историчар. На крај сакам да наведам еден текст од една хрватска песна кој треба да му служи на македонскиот народ како опомена.

„Ка дите чула сан, још се сичан ка и сад ричи диде мог: упамти заувик да у њима вире ни нису они ка и ми и тако доџе дан да ми човек добро знан хоче узест њу, ал ми је не дамо јер она је дио нас и остат чемо ту цили живот живин ту ка у ником плавом сну, јер то је земља диде мог и оца мог ја остајем на њој. А она је прилипа ка драга дивојка и свако жели њу, ал ми је не дамо јер она је дио нас и остат чемо ту.“