Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска одржа средба со претставници од Социјалдемократската партија на Шведска, пратеници во шведскиот парламент.

На средбата се разговараше за унапредување на соработката и размената на искуства меѓу двете сестрински партии, со цел зајакнување на демократските вредности и политики преку силна социјалдемократска политичка алтернатива во македонското општество. Членовите на двете сестрински партии  дека социјалдемократските политики се најдоброто решение за современите предизвици во Европа.

На средбата се дискутираше и за актуелната политичка состојба во државата.

Филипче на состанокот информираше за внатрепартиските реформи и консолидирањето на СДСМ.

Потенцираше дека СДСМ ќе продолжи да делува како конструктивна опозиција и ќе ги поддржи политиките кои се во интерес на граѓаните.