„Неексплодирани средства има на патот Прилеп – Битола, и на постојната, и на новата траса, и затоа тоа малку тешко ќе оди“, рече министерот Александар Николоски во „Клик Плус“ на ТВ21.

Тој рече дека ако се деминираат тие гранати, за 2-3 години може да се очекува Прилеп и Битола да бидат поврзани со автопат.

„Има проблем со деминирање. Таа траса поминува низ линијата на фронтот во Првата светска војна, и затоа потребно е да се деминираат сите тие. Не се малку, и сериозна е работата, и ако тоа се заврши на време, тогаш за 2-3 години очекувам да имаме автопат Прилеп – Битола“, рече Николоски.