Брзата пруга од коридорот 10 ќе биде готова за 1,5 до две години, не повеќе од 2 до 2,5 милиони за километар, ги пренесе проценките на денешниот брифинг со новинарите премиерот Христијан Мицкоски.
Ќе биде со брзина од 110 до 120 км/ч и ќе донесе голема корист за државата. Во моментот се преговара со компаниај која треба да обезбеди проток на милион тони годишно по неа, информира премиерот. Преговорите се во завршница. Кога дошле на власт, Македонија немала ниту една активна локомотива, па се мислело транспортот да се префрли и преку Бугарија од страна на странците. Сега, имаме осум локомотиви на располагање, пренесе премиерот Мицкоски.