СДСМ поднесе Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност со кој се предвидува укинување на ДДВ-то за прехранбените производи, односно од 5% на нула проценти ДДВ, за сите основни производи за исхрана.. Според претседателот на партијата, Венко Филипче, доколку измените бидат прифтени, ќе значат месечна заштеда за граѓаните од 1.200 до 2.000 денари месечно, наспроти владината мерка која, како што рече, на домаќинствата им заштедила само 57 денари.

На ова реагираше владејачката ВМРО ДПМНЕ. Тврдат дека е невистина информација дека со есенската кошничка месечната заштеда била само 57 денари. Што се однесува до предлог законот, сметаат дека е неостварлив и се користи за дневно политички тема, поради што нема да го поддржат.

Филипче најави и дека СДСМ не се откажува од барањето за зголемување на минималната плата на 450 евра.