Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека Велика Британија сака добри односи со сите свои сојузници и дека не мора да избира помеѓу пријателство со ЕУ или САД.

„Можеме да бидеме пријатели и со Трамп и со ЕУ“, рече Стармер пред неговото патување во Азербејџан, каде што се одржува годишниот самит за климатски промени КОП29“, пренесе Политико.

Тој негираше дека земјата може да биде вовлечена во трговска војна меѓу ЕУ и САД.
„Европските земји се наши најблиски трговски партнери и имаме долга историја заедно. Но, подеднакво специјалниот однос со САД беше создаден во тешки околности, тоа е многу важно за Обединетото Кралство. Сакам да гарантирам дека имаме добри односи со сите наши важни сојузници, а тоа ги вклучува ЕУ и САД“, рече Стармер.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп честопати изјавуваше за време на предизборната кампања дека ќе ги врати работните места во САД и дека тоа може да го направи со воведување на сеопфатни царини до 20 отсто на увезена стока.
фото ЕПА