Колумбиец кој годинава ја посетил Македонија се заљубил во македонската музика и сега со својот бенд пее македонски песни низ Америка.

– Моето име е Јанко Пенафорт. Јас сум професионален музичар од Богота, Колумбија. Немам никакви македонски корени. Оваа година поминав неколку месеци во Македонија и се заљубив во вашата земја и вашата музика. Македонската музика е симбол на храброста и борбата за слобода, но истовремено и прекрасна музика. Чест ми е да ја изведам оваа патриотска песна и да ја славам Македонија преку музика, објавува на својата страница на Фејсбук.

Пред неколку дена објавивме дека тој веќе настапува во Канада со неговиот музички бенд, составен од музичари од повеќе земји од Јужна Америка.

Видеото може да го отворите ТУКА.