Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска во Парламентот го претстави Планот за внатрешна стабилност и посочи дека Украина нема да се откаже од правото на целата своја територија.
„Ние не тргуваме со суверенитетот, безбедноста или иднината на Украина. Нема да се откажеме од правото на Украина на целата нејзина територија. Дефинитивно нема да дозволиме нашата земја да се користи во вашите изборни кампањи во Европа. Нема да биде можно да се победи на сметка на Украина“, рече Зеленски во своето обраќање.
Тој додаде дека за сите во Европа, вклучително и Украина, НАТО нема алтернатива за сите во Европа и за Украина.